На Граничниот премин „Ќафасан“ вчера во 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Д.(40) од Република Албанија.

При извршена проверка било констатирано дека се бара по потерница распишана од Интерпол-Грција. Тој бил задржан во Полициска станица Струга, по што од страна на Основен суд Струга му била определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во КПУ Затвор Охрид, информираат од МВР.

OhridNews