МВР информираше дека вчера во 15 часот лице од Египет било лишено од слобода на ГП Ќафасан.
Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Ќафасан го лишиле од слобода А.С.Е.Е.(25), државјанин на Арапска Република Египет, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување патна исправа“, стои во полицискиот билтен.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.
OhridNews