На пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, викендов, случен е вербален напад со омаловажување и навредување на полициски службеници извршено од страна на 23-годишно лице од струшкото село Лабуништа.

  • Настанот е случен откако, двајцата полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, кои во моментот извршувале работни задачи контрола и преглед на патниот сообраќај, констатирале прекршок по што го запреле патничкиот автомобил марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки. Сега пријавениот одбивал да му биде извршено алкотестирање. Револтирано, лицето кон полициските службеници изрекол низа навредливи и омаловажувачки зборови, по што, бил приведен во полициската станица во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против лицето ќе биде поднесена прекршочна пријава согласно член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.