Полициски службеници од ОВР Струга вчера лишиле од слобода 42 годишно лице од струшкото село Октиси.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews