Од СВР Охрид информираат дека по преземени мерки во врска со убиството на 47-годишната жена во Велгошти, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид.

  • Во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Случајот, во охридската Полициска станица телефонски бил пријавен вчера во 16 часот и 37 минути. Телото на Б.П. (47) било пронајдено во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти.

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.

OhridNews