Утрово Одделот за организиран криминал при МВР во планирана и координирана акција во соработка со Секторот за внатрешна контролна и професионални стандарди, Сектор за гранични работи и миграции, Единица за брзо распоредување, а врз основа на претходно обезбедени  Наредби од Истражен судија, изврши приведување на 19 полициски службениц од граничниот премин „Табановце“ – патен премин, соопшти МВР.
Со примената на Посебните истражни мерки утврдено е дека приведените полициски службеници вршеле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување„, „примање поткуп„  и „злосторничко здружување„ , а начинот на кој ги вршеле кривични дела е ист како и на претходните две криминални групи, приведени на Табановце. Приведените се товарат дека со намерни пропусти во секојдневното работење, незаконитости и злоупотреби, барале и примале парични средства – поткуп од патници со цел стекнување финансиска придобивка на незаконски начин за себе и за членовите на криминалните групи.

Полициските службеници од странски државјани на излез/влез во РМ, за да им се овозможи непречено и побрзо поминување и покрај тоа што поседувале исправна документација задолжително барале и добивале одреден износ на парични средства-поткуп,  пропуштале возила без задолжителна документација-зелен картон,  земање поткуп од турски државјани кои транзитирале низ Р. Македонија, примање поткуп од водичи на туристички автобуси заради непречен влез во Р. Македонија.


Организатор на оваа криминална група (како и кај претходните две крим. групи) е раководителот на смена, при што по завршување на смената членовите на криминалната група вршеле распределба на дневно „заработените„ парични средства врз принципот на „заслуга„, и тоа во висина од околу 100 евра и повеќе дневно (во текот на една работна смена) за секој полициски службеник, информираат од МВР.
Лишените од слобода полициски службеници заедно со едната  кривична пријава и двата посебни извештаи и обезбедените материјални докази од примената на посебните истражни мерки се предадени на надлежен Истражен судија од Основен Суд Скопје И Скопје.

Инаку досега, со преземените мерки и активности во рамките на операцијата „Бумеранг„, за ефикасно спречување на појавата на коруптивно однесување на одредени полициски службеници вработени во ПС за ГК „Табановце“ – патен премин, вкупно кривично се пријавени 42 полициски службеници. 

Ohridnews