Приведените лица во текот на овој месец, на подрачјето на Струга извршиле повеке кривични дела „Разбоништво“ а во Охрид неколку кривични дела „Тешки кражби“. Во Струга, тие дејствувале најчесто во ноќните часови кога со нож напаѓале малолетни деца одземајки им ги мобилните телефони, парите и другите вредни предмети. При вршење на едно такво кривично дело, тие со нож нападнале малолетник нанесувајки му телесна повреда. Во Охрид, тричлената група, извршила повеке кривични дела „Тешка кражба“ најчесто влегувајки во продавници и други деловни објекти додека по кејот насилно одземале ташни од случајни минувачи.
СВР Охрид, презема дополнителни мерки за расчистување на сторените кривични дела по што, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за постоење основано сомнение дека сториле 4 к.д. „Разбојништво,“ и вкупно 6 кривични дела „Тешка кражба“.