На 06.01.2024 година во 23.10 часот, во охридското село Велгошти, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода три лица, сите од селото Велгошти.
При преглед на патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, пронајдени се и одземени три пакувања со марихуан, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
OhridNews