Во големата акција на полицијата што вчера беше спроведена на повеќе локации на Охридското Езеро, првиведени се вкупно седум рибокрадци од Охрид и Струга, соопшти СВР Охрид.

Полициските службеници, кај авто-кампот  „Андон Дуков“ во вршење на кривичното дело, ги затекнале лицата: Р.Ф. роден 1986 година, З.Е. роден 1989 година, М.В. роден 1955 година, С.Р. роден 1974 година, С.Б. роден 1982 година, З.Е. роден 1985 година, сите од Охрид како и лицето К.Б. роден 1968 година од Струга.


Запленети големи количини рибарски мрежи

Кај приведените лица, пронајдени биле и одземени  повеќе парчиња риба Охридска пастрмка но и други видови риба како и значителна рибарска опрема и алати наменети за риболов. Покрај тоа, одземени се над 200  рибарски мрежи за јагула, крап и клен, 19 пенти и разни други рибарски помагала. Од приведените, одземена е една воздушна пушка со оптички нишан и два двогледи марка „Зрак“, соопшти СВР Охрид. По документирање на случајот СВР Охрид најави дека против приведените ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Инаку, СВР Охрид, од почетикот на оваа година, има регистрирано вкупно 6 кривични дела „Незаконит риболов“ а против 9 лица, поднесени се кривични пријави. Во текот на 2008 година, биле регистрирани 11 кривични  дела, а против 13 лица биле поднесени 9 кривични пријави.