На 06.11.2024 околу 06.30 часот на брегот на Охридското Езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро лишиле од слобода 62 и 43 годишни лица, двајцата од Охрид.

Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица, информираат од МВР.

Додаваат дека уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews