На 04.12.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското Езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ од слобода лишија 67, 64 и 77 годишни лица, сите од охридското село Трпејца.
При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското Езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба охридска белвица и грунец со вкупна тежина од над 10 килограми, како и друг риболовен алат, информираат од СВР Охрид.
Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад и по консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews