Турските безбедносни сили приведоа петмина борци од терористичката групација Исламска држава кои планирале да извршат напад во Истанбул, соопштија локалните власти на округот Самсун.
„Силите за безбедност открија терористичка група во која членувале седуммина терористи од ИД. Во специјална акција беа задржани петмина од нив, а по другите двајца се трага“, соопштија властите. Терористите купиле билети за Истанбул, каде што планирале да извршат напад.
Турски и светски медиуми соопштија дека минатата недела во Истанбул е приведен борец од ИД, по кого трагал Интерпол.
OhridNews
Макфакс