Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид, информираат од МВР.
Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица.
Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.
Припадници на специјалните полициски сили и на Одделот за борба против наркотици утрово спроведуваа акција во угостителски објект што се наоѓа на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Засега не е познато за каква акција се работи и што е предмет на претресот, и дали тој е дел од поголемата акција на МВР во Тетово и во Охрид.
Според непотврдени информации, станува збор за претрес во потрага по наркотични средства бидејќи се ангажирани и полициски кучиња, но не е исклучено да се работи и за акција за контрола на лица бидејќи се работи за oбјект во кој работи стриптиз-бар во кој се ангажирани странски државјанки.
OhridNews