Во охридската Полициска станица, вчера, во 21.05 часот, 69-годишен охриѓанец пријавил дека е нарушен јавен ред  и мир со физички напад во вила лоцирана на ул.Кеј Македонија во Охрид.

Охриѓанецот пријавил дека тој и неговата ќерка биле физички нападнати во вилата, од страна на гости од Холандија. Пријавените се приведени во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.