Министерството за внатрешни работи приведе две лица за кои се смета дека се поврзани со неодамнешниот оружен грабеж на експозитурата на Прокредит банка во Скопје.

Во организирана полициска акција синоќа приведен е Б.Т.(29) од Скопје. Истовремено во близина на ТЦ „Рамстор“ приведен е Ф.М.(43) од с. Здух, кој поседува косовско и хрватско државјанство. Во текот на ноќта и утринава извршен е претрес и во домот на А.Т.(31) од Скопје, братучед на приведениот Б.Т., но тој не е пронајден во неговиот дом и се трага по него. Во извршените претреси во домовите на двајцата братучеди со потврда се одземени два компјутери, а извршен е и претрес во станот каде што косовскиот државјанин времено престојувал заедно со две македонски државјанки при што се одземени повеќе предмети за кои се претпоставува дека е можно да потекнуваат од кривични дела.

Против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава за „Разбојништво“, „Убиство во обид“ и „Предизвикување општа опасност“.

Двајцата приведени со пријавата и доказниот материјал ќе бидат изведени пред надлежниот Истражен судија, додека по третиот е распишана интерна потрага. Министерството за внатрешни соопшти дека продолжува да работи на идентификување и на останатите.

Ohridnews