На 11.05.2024 во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 и 38 годишно лице, двајцата од Охрид.

При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, едното лице е затекнато при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај другото лице пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews