На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското Eзеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“ лишија од слобода 43 и 42 годишни лица, двајцата од охридското село Трпејца.
Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов“, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Инаку, едното лице е познато на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов“ и ова е второ лишување од слобода овој месец.
При контроли извршени на 06.11.2024, тој беше затекнат со 101 парче уловена риба белвица, три рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews