Вчера во 19.35 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишени од слобода се 20 годишно лице од Велес, со привремен престој во Охрид и 21 годишно лице од Охрид.
При преглед на возило „опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишното лице од Велес, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и два ножа, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, додаваат, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews