На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 и 46 годишни лица, двајцата од Охрид.
Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис. Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
OhridNews
фото. МВР