Во текот на изминатото деноноќие (21/22.04.2020 година, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид две лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби или сообраќајни незгоди, а регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир, случено на 21.04.2020 година, околу 19 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Приведено е 49-годишно лице од Скопје и против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Димоски.

На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 283 лица во изолација од кои 138 во Охрид, 13 во Струга.

Од страна на полициски службеници, извршени се 72 контроли кај лицата во изолација (Охрид-61, Кичево-11). Моментно, вкупниот број на лица во самоизолација изнесува 380 лица од кои 49 во Охрид, 235 во Струга.

OhridNews