На 22.03.2025 околу 00.50 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведени се 43 и 41 годишни лица, двајцата од Охрид.

При извршен преглед во патничко возило „мерцедес“ во кое се превезувале, полициските службеници пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews