Во текот на изминатото деноноќие (24/25.05), евидентирано е дека на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 82 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација.
OhridNews