Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (05/06.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на државата, 72 лица не ја почитувале оваа мерка, при што биле приведени 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.