Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (25/26.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење. Приведени се 55 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
OhridNews