Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (7/8.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење. Приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2  лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

OhridNews