Министерството за внатрешни работи до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, поднесе кривична пријава на 70 страници, против 16 лица од кои двајца сосопственици и еден поранешен управител на фирмата „Миладинов“ ДОО, по двајца адвокати и нотари, тројца судии, еден поранешен раководител и еден референт во катастар-Струга, стечаен управник, двајца сопственици на приватни фирми и едно физичко лице од Струга, Скопје и Охрид, поради постоење на основано сомнение дека во периодот од 2002 до 2008 година сториле кривични дела „измама“, „измама при добивање кредит или друга погодност“, „перење пари“, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување на исправа“.
Од страна на Истражен судија за 15 од пријавените лица се добиени наредби и покани, заради нивно обезбедување. Од страна на МВР постапено е по наредбите, при што се приведени 10 лица, три лица со покана се повикани да се јават кај истражен судија, а за две се превземаат мерки за пронаоѓање.
Имено, двајцата првопријавени косопственици на фирмата „Миладинов“ ДОО во периодот од 2002 до 2008 година, како главни носители и организатори на незаконити криминални дејствија, потпомогнати од останатите пријавени, се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 6.000.000 евра, причинувајќи штета на ЛХБ – банката и акционерите на АД „Изгрев“.
Според досега документираните сознанија, во текот на 2001 година МПЦ преку берза извршила откуп на акциите на хотелот АД „Изгрев“ Струга и на тој начин станала доминантен сопственик. Поради лошото работење на хотелот отворена е стечајна постапка каде како членови на стечајниот совет се јавуват трите пријавени судии од Основниот суд Струга, а пак за стечаен управник била определена пријавената 46 годишна стружанка, која заедно со нив, злоупотребувајќи ја својата положба и овозможиле на фирмата „Миладинов“ ДОО и на МПЦ да станат сопственици на хотелот на тој начин што стечајниот управник, без претходно да ја утврди стечајната маса на АД „Изгрев“ односно да се утврди сопственоста над хотелот превзела активности за продажба на истиот, при тоа спроведувајќи две лицитации за кои не е пронајдена никаква документација во стечајниот предмет. Ваквите активности од страна на стечајниот совет биле одобрени со изготвување на решение за ликвидација на АД „Изгрев“. Со упаричување и пред правосилноста на ова решение хотелот АД „Изгрев“ е продаден на „Миладинов“ ДОО со непосредна спогодба.
Пријавените спротивно на Законот за стечај и Законот за парнична постапка, му овозможиле на „Миладинов“ ДОО да се стекне со значитела имотна корист во износ од 90.877.013,00 денари.
Со цел да може да се изврши промена во катастарската евиденција односно АД „Изгрев“ да се пренесе во сопственост на „Миладинов“ ДОО, стечајната управничка доставила тужбено барање до Основниот Суд во Струга заради утврдување на сопственоста над хотелот врз основа на градба. Ваквото барање од страна на Основниот Суд во Струга било усвоено и врз основа на донесената пресуда од страна на овој суд, во катастарската евиденција во Струга хотелот „Изгрев“ е еведентиран како сопственост на АД „Изгрев“ (иако веќе АД „Изгрев“ е во стечај) и тоа приземје и пет ката со корисна површина од околу 5300 м2 иако одобрението за градба пронајдено во катастрската евиденција гласи на приземје и четири ката, односно од површина од 3800 м2 како и што гласело тужбеното барање на пријавената управничка. По овој упис сочинет е нотарски акт кај пријавениот нотар од Струга со кој сопственоста над хотелот „Изгрев“ е префрлена од сопственост на АД „Изгрев“ на „Миладинов“ ДОО.
По стекнување со ваквата сопственост „Миладинов“ ДОО склучил договор со ЛХБ Интернационална трговска банка од Франкфурт за подигање на кредит во износ од 4.000.000 евра со грејс период од 36 месеци, а како гаранција дека кредитот ќе биде вратен воспоставена е хипотека над хотелот „Изгрев“ која била евидентирана и во катастарот во Струга, како и презентирана лажна исправа – гаранција од фирмата „Енерготуш“ во износ од 4.000.000 евра која наводно била издадена од оваа фирма, а ваквата гаранција до бакната ја доставиле пријавените. При изготвувањето на нотарскиот акт за воспоставувањето на хипотеката над АД „Изгрев“ управителот на „Миладинов“ ДОО до нотарот доставила имотен лист за сопственоста над хотелот АД „Изгрев“ издаден од катастарот од Струга, во кој без никаков правен основ и без ниту каква било документација е евидентиран објект од осум ката и приземје со површина од 8584 м2. За време на грејс периодот за враќање на кредитот кон ЛХБ Банка „Милдинов“ ДОО претставуван од страна на пријавената управителка со ЛХБ банката склучила уште еден договор за кредит во износ од 1.200.000 евра, при што повторно како гаранција е воспоставено заложно право хипотека над хотелот „Изгрев“. Паричните средства подигнати по основ на кредити од „Миладинов“ ДОО не се вратени на ЛХБ Банка и истата е оштена за вкупен износ од 5.200.000 евра.
Одлуките за задолжување на „Миладинов“ ДОО биле потпишани од претставникот на МПЦ и двајцата првопријавени во својство на оснивачи на „Миладинов“ ДОО, иако истите немале такво својство бидејќи претходно своите удели ги отстапиле на фирмата „Настел“ ДООЕЛ.
Во почетокот на 2006 година еден од браќата со цел да обезбеди средства со кредит од НЛБ „Тутунска Банка“ до катастарот во Струга доставил барање за бришење на претходно воспоставената хипотека, наводно издадено од ЛХБ Банка со невистинита содржина како „Миладинов“ ДОО да ги вратило претходните два кредита. Ваквото барање во катастарот било примено од страна на пријавената референтка која врз основа на истото ја избришала хипотеката, по што известувањето за избришаната хипотека адресирано до ЛХБ Банка му го предала назад, без тој да приложи полномошно. Откако била избришана хипотката „Миладинов“ ДОО со НЛБ „Тутунска Банка“ потпишала договор за краткорочен кредит во износ од 1.000.000 евра и повторно како гаранција за враќање на кредитот врз основа на нотарски акт е воспоставена хипотека врз хотелот „Изгрев“.
Паричните средства од наведените кредити префрлени на сметката на „Миладинов“ ДОО во повеќе наврати врз основа на позајмици, договори за комисионо работење се префрлани на правни сибјекти во сопственост на пријавените браќа, од каде пак по истите основи се префрлани на други правни субјекти, најчесто на фирми и лични сметки кои се во сопственост на четири други лица за да се прикрие вистинското потекло, а потоа најголемиот дел од нив се подигнати во готово. Дел од паричните средства од кредитот подигнат во НЛБ „Тутунска Банка“, еден од браќата ги искористил преку Берзата за хартии од вредност да откупи 3080 акции во АД „Гоце Делчев“, с.Трубарево, кои ги заложил во корист на ЛХБ Банка како гаранција за враќање на кредитите врз основа на нотарски акт сочинет на 16.06.2006 година, кое заложно право преку извршител, ЛХБ Банка го реализирала при крајот на 2007 година, бидејќи кредитите не биле вратени. Пред да биде извршена реализацијата на заложното право на акциите пријавениот знаејќи дека ќе го изгуби својот дел во АД „Гоце Делчев“ до ОС Скопје ИИ Скопје доставил предлог за донесување решение за свикување собрание на ова Акционерско друштво што и било сторено од страна на судот, со точно утврден дневен ред, а како лице задолжено да го свика собранието била назначена пријавената адвокатка од Скопје. На собранието одржано на 15.02.2008 година, утврдениот дневен ред од страна на судот, по предлог на неговиот брат бил проширен за точката зголемување на основната главнина на АД „Гоце Делчев“ со нова емисија на хартии од вредност-21.000 акција во износ од 1.100.000 евра за познат купувач, односно за фирмата „Семико Трејд“ (формирана десет дена пред одржување на собранието) каде како сопственици се јавуваат пријавениот и еден грчки државјанин, со образложение дека паричните средства ќе се искористат за подмирување на долговите на АД „Гоце Делчев“ и исплата на заостанати плати на вработените.
Ваквиот предлог бил прифатен и донесна одлука за нова емосија на хартии од вредност по што од страна на пријавениот нотар од Скопје, бил сочинет записник во форма на нотарски акт, иако истиот не смеел тоа да го направи од причина што ваква одлука може да се донесе доколку на собранието учествува 2/3 од акционерите со право на глас, кое мнозинство не било присутно на одржаното собрание што е спротивно на Законот за трговски друштва и Статутот на друштвото.
По вака донесената одлука и добиената согласност од Комисијата за хартии од вредност на сметката на АД „Гоце Делчев“ од страна на „Семико Трејд“ ДОО Скопје префрлени се 67.128.406, 00 денари, кои пак парични средства на сметката на „Семико Трејд“ се уплтени од страна на Кипарска банка. Пристигнатите парични средства не се искористени за намената заради која беше предложена нова емисија, туку истите во најголем дел се префрлени на сметка на фирмата „Агора Консалтинг“, од каде пак паричните средстве се извлечени најголем дел во готово.
Како резултат на гореопишаните дејствија пријавените за себе и за фирмата „Миладинов“ ДОО – Струга прибавиле противправна имотна корист од околу 6.000.000 евра на штета на ЛХБ – банката и акционерите на АД „Изгрев“
извор:МВР