Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 481 прекршоци. Забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава не ја почитувале 203 лица, при што приведени се 155 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

OhridNews

.