Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12/13.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
OhridNews