Попладнево во Скопје приведена е познатата македонска актерка Силвија Стојаноска. Неофицијално таа е лишена од слобода во врска со заплена на голема количина дрога.
Судија на претходна постапка вечерва на актерката и одредил куќен притвор. Заедно со неа пред судија на претходна постапка било изведено уште едно лице, на кое исто така му била изречена мерка притвор.
Според првичните неофицијални информации од истрагата, приведените биле дел од меѓународна истрага за трговија со дрога и нелегален транфер на пари.
Силвија Стојаноска во моментов е актуелна по улогата во серијата „Фамилија Марковски“.
OhridNews