Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис е приведена од страна на полицијата во петокот вечерта во Холивуд.

Седумнаесетгодишната Талула е приведена во полициската станица заедно со две малолетни другарки и тоа поради поголема количина алкохол која ја пронашла полицијата.


Трите пријателки во петокот вечерта во автомобил се возеле по холивудските улици кога ги застанала полиција и ги привела. Набрзо интервенирала Деми Мур, која среде ноќ дошла по својата ќерка во полициската станица.