Една британка била приведена во полицијата во Дубаи поради недолично однесување, бидејќи во еден луксузен трговски центар прошетала по бикини. Според изјавите на официјалните лица, британката била во трговскиот центар кога и пришла една жена облечена во традиционална облека и започнала да ја критикува поради гардеробата која ја носела на себе.
Двете жени започнале да се караат, а британката во знак на протест се соблекла во бикини и така прошетала низ трговскиот центар. Двете жени потоа биле приведени во полиција на сослушување, а нешто подоцна биле ослободени. Арапката поднела тужба против британката која подоцна била поништена.