Шеесет и седум годишен вевчанец синоќа бил приведен во полиција поради пукање со воздушна пушка кон кучиња, домашни миленици.

СВР Охрид денеска соопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, синоќа во 20 часот и 30 минути во Вевчани, од слобода лишија 67 годишно лице од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот, со воздушна пушка пукал кон кучиња, домашни миленици сопственост на лице од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот, информира портпаролот Стефан Димоски.

OhridNews