На 26.03.2024 полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 19 годишно лице од Охрид, ученик во средно училиште во Охрид.

Тој се сомничи дека од ученичка во училиштето одзел пари. Парите биле пронајдени кај него и биле вратени на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews