На 11.09.2024 во 22.00 часот на улица „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга привеле 32 годишно лице од Струга.

Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews