На 18.11.20220 година во 22.30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведено е 24 годишно лице од Струга, информираат од СВР Охрид.
При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црни Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање, додава, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews