Денес во 01.50 часот полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31 годишно лице од Скопје.
При преглед во неговото патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, извршен кај туристичката населба Свети Стефан, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, метален грендер и повеќе семки од растението канабис, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, додаваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews