Охридската полиција пред малку приведе едно лице, осомничено дека пред еден час извршил разбојништво во експозитурата на Македонски пошти веднаш до “Охридска банка” кај Мини маркет, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Истражните органи работат на расветлување на случајот.
Се очекува полицијата да соопшти повеќе детали за немилиот настан.
OhridNews