Јавното обвинителство води истрага во рамки на претходна постапка против поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски поради сомневање за злоупотреба на функцијата.

Доставен е предлог за одземање на патната исправа и одредување мерки за претпазливост, соопшти попладнево Јавното обвинителство од каде посочуваат дека истрагата е во тек и јавноста тековно ќе биде информирана за случајот.

Претходно „Фокус“ објави дека поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, бил приведен поради финансиска проневера од 2 милиони евра во зоните Струмица и Штип, на што со демант реагираше Деспотовски.

Деспотовски во изјава што ја пренесоа повеќе медиуми, потврди дека е предмет на истрага но негира дека е приведен, поради што рече дека ќе покрене постапка за заштита на честа и угледот.

Наводите се целосно неточни и претставуваат дезинформирање, смета Деспотовски.

OhridNews