Финансиската полиција во содејство со Управата за јавни приходи поднесе кривична пријава против Тренковски за „несовесно работење во службата“ бидејќи во 2007 година како директор на ФЗОМ два пати платил исти лекови, еднаш на добавувачите и еднаш на ПЗУ „Градска аптека“, со што овозможил „Градска аптека“ да стекне противправна имотна корист од 27.764.147 денари. Огеновска, пак, е осомничена за „злоупотреба на службена положба и овластување“ зашто знаела за двојната исплата на лековите.
Истражниот судија попладнево им одреди 15 дневен притвор на
поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ѓорѓи
Тренковски и на поранешната директорка на „Градска аптека“ Весна Огненовска.