На 08.04.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 26 годишно лице од село Косел.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана, информираат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews