На 02.02.2025 во 00.50 часот на улица „Карпош Војвода“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30 годишно лице од Охрид.
Лицето претходно на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид агресивно се однесувало кон полициски службеници кои вршеле службена дејност. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews