Во Полициската станица Охрид приведен е охриѓанец, откако 44-годишна жена пријавила дека тој се обидел да изврши обљуба врз нејзината ќерка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
За случајот се известени Центарот за социјална работа и јавен обвинител.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.