На 01.02.2024 година во 19.20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, лишенo од слобода е 57 годишно лице од Охрид.

Тој се сомничи дека претходно, во просториите на Итната медицинска помош во Охрид, физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews