На 29.01.2024 во 21.45 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 49 годишно лице од Охрид.

При преглед во патничко возило „опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews