На 20.08.2024 околу 01.20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 59 годишно лице од Охрид.

Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и упатувал закани на лице од Охрид. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

OhridNews