Охриѓанец е приведен поради кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 09.11.2024 во 00.25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода лишија 20 годишно лице од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 08.11.2024 година во 23.30 часот пред спортска сала во Охрид. Притоа, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле 25 годишно лице од селото Лактиње, општина Дебрца, и две 22 годишни лица од Охрид, информираат од СВР Охрид.
Посочуваат дека во врска со овој настан, на 09.11.2024 во 00.40 часот, во СВР Охрид повикано е 20 годишно лице од Охрид и пронајдено е моторно возило „бмв“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews