Поради постоење основано сомнение дека е можен сторител на едно кривично дело „Разбојништво“, Секторот за внатрешни работи од Охрид, рано утрово го лиши од слобода лицето Ж.М. роден  1966 од Охрид.

При извршен претрес во неговиот дом, пронајдена е една автоматска пушка со 30 куршуми која неовластено ја поседувал, една капа „Фантомка“ како и неколку други поситни предмети.

На ден 17.11.2009 година, во 03 часот и 45 минути, во Бензиската станица на „Макпетрол“ на улица „15-ти  корпус“ извршено е кривично дело „Разбојништво“ кога маскирано лице со огнено оружје влегло во станицата и од вработениот одзел торба со дневен промет од 14.820 денари.

Секторот за внатрешни работи Охрид, презема интензивни мерки за целосно расветлување на овој случај по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Приведен ограбувачот на бензинската пумпа на „Макпетрол“

Извор:МВР