Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделот за специјални полициски операции денеска во 16:45 часот во близина на хотел во Струга приведоа 43 – годишно лице од село Велешта, насилник кој во неколку наврати од сопственици на угостителски објекти изнудувал пари, соопшти МВР.

По преземени мерки и активности, како што се посочува, осомничениот бил забележан во близина на хотел во возило „џип“ и лишен од слобода, а при претресот е пронајден пиштол со пет куршуми. Тој е приведен во ПС Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира МВР.

OhridNews