Струшката полиција денеска во близина на училиште привела малолетник кај кој бил пронајден гасен пиштол.

МВР соопшти дека околу 7 часот и 20 минути на улицата „Пролетерски бригади“, во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол.

По целосно документирање на случајот, според информацијата, против лицето ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

OhridNews