МВР информира дека вчера во Струга, полициски службеници од струшкото ОВР лишиле од слобода 60 годишен стружанец поради марихуана.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, велат од полицијата.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews